Се намалуваат заразените со коронавирусот, вакцинирани се 828.770 граѓани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија и дел од земјите во Западен Балкан бележат намалување на заразени со коронавирусот. Институтот за јавно здравје објави дека минатата недела во однос на претходната, забележано е намалување од 17,3 отсто заболени од Ковид-19, а заклучно со вчерашниот ден вакцинирани се 828.770 граѓани.

ИЈЗ, минатата недела регистрирал 2.275 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, а процентот на позитивност се движи од 7,8 отсто до 19 отсто, просечно 13,1 отсто. Од направени се 2.744 тестирања во текот на вчерашниот ден, регистрирани се 375 нови случаи на Ковид-19, а девет лица починале од вирусот.

Регистрирани сe 507 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Во Скопје регистрирани најмногу, односно 180 позитивни на Ковид, а најмалку, по еден, во Неготино, Крушево и Пехчево. Од починатите, три лица се од Скопје (87г, 78г и 62г) и по еден починат од Кавадарци (60г), Струга (83г), Струмица (72г), Кочани (59г), Штип (73г) и Свети Николе (86г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.775, бројот на оздравени пациенти е 204.474, на починати е 7.674, а бројот на активни случаи изнесува 5.627.

Новиот сој Омикрон вчера за првпат беше потврден на Балканот. Поточно, станува збор за двајца пациенти од Хрватска кои се инфицирале со новиот сој, а притоа не престојувале во Јужна Африка, но биле на состаноци на кои имало гости од странство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This