дома Здравје СЕ НА ЕДНО МЕСТО: Се што ве интересира за хроно исхраната и...

СЕ НА ЕДНО МЕСТО: Се што ве интересира за хроно исхраната и правилниот начин на држење диета!

Доколку сакате да ослабете, да се храните здраво и од ништо да не се одрекнете, „Хроно исхрана во три фази“ е вистинската книга за вас

Постојат милион начини да се изгуби на тежина, но само програмата на хроно исхраната претставен во оваа книга може да ви овозможи да се храните правилно и да имате витко и здраво тело.

Методата на др.Делабоа се заснова на логиката дека секоја храна е благотворна ако се конзумира по биолошкиот часовник на телото. Тоа значи дека треба да ја јадете правата храна, во вистински момент и количина. Во три фази (експресен старт, преодна фаза, фаза на рамнотежа) може да се изгубат и до 8 килограми за четири недели, а потоа сами можете да го организирате режимот на исхрана во ритам кој вас ви одговара, за трајни резултати.
Имајте на ум, успехот вам ви е загарантиран ако ги прифатите навиките и правилата без залажување.

Сето ова изгледа едноставно, но можеби се плашите да го усвоите стилот на живот кој толку се разлкува од вашата моментално секојдневие. Не се грижете, треба само да јадете разумно, а истовремено не се лишувате од ништо. Секако, за да ги постигнете целите ќе биде неопходно да бидете дисциплинирани и доследни.