Се огласи Вучиќ за зaпаленото српско знаме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во врска со обидот за палење на српското знаме во Тирана изјави дека секогаш е недозволиво да се сквернават туѓи симболи, но дека албанската држава реагирала навремено, сериозно и одговорно, пренесуваат медиумите во регионот.

„Во некои земји секогаш е слично, но секако недозволиво е да се сквернават туѓи симболи и мислам дека албанската држава реагираше навремено, сериозно и одговорно, како и самиот премиер Рама“, рече Вучиќ.

Тој зборуваше пред продолжувањето на самитот во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, што ја започнаа лидерите на Србија, Албанија и Македонија.

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на обидот за палење на српското знаме на вчерашниот протест во Тирана, нагласувајќи дека за време на неговата посета на Белград на плоштадите имало албански знамиња и дека полицијата ги уапсила тие што ги запалиле.

Стотици граѓани вчера демонстрираа во Тирана, на покана на поранешниот албански претседател и премиер Сали Бериша.

Албанските медиуми објавија дека група демонстранти го запалиле српското знаме. Тие известија дека имало уште неколку обиди за отстранување на српските знамиња, закачени во Тирана во знак на добредојде.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This