дома Актуелно СЕ ОГЛАСИ КРИВИЧЕН СУД: Се работи на сите предлози од СЈО,неможе да...

СЕ ОГЛАСИ КРИВИЧЕН СУД: Се работи на сите предлози од СЈО,неможе да се предвиди колку време може да трае целокупната процедура

Судиите кои постапуваат во советите вложуваат напори да донесат одлуки во законски предвидениот рок, информираат од скопска единица. Веќе се распоредени сите предмети на СЈО, а судиите одлучуваат по барање на обвинителството за определување на мерки за претпазливост и притвор за дел од обвинетите.

 Со оглед на фактот дека по донесување на одлуките, за сите предлози, истите треба прво да бидат писмено изработени и доставени до странките во постапката, по завршување на целокупната процедура, за која неможе да се предвиди колку време може да трае, јавноста веднаш ќе биде информирана за донесените одлуки на Кривичните совети– се вели во соопштението од судот.