Се огласи министерството за здравство за инцидeнтот со погpeшното тeло: Погpeбалните претпријатија ги доставуваат тeлата, а не болницитe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство информира дека вечерва на неколку медиуми беа објавени неточни информации дека Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби по грешка испратиле тело на починат пациент, кај семејство во Врапчиште гостиварско. Ја информираме јавноста дека ниту една здравствена установа во државата, ниту КИБФС не направила таква грешка. Сите болници и ковид центри во целост го почитуваат протоколот за постапување со тела на починати лица во болнички услови сомнителни или потврдени на Ковид 19. По настапувањето на смртта и подготовка на телото согласно протоколите за заштита од Ковид 19, веднаш се повикува Јавно комунално претпријатие на општината или Бутел-погребен сервис АД Скопје за Град Скопје на кои им се предава телото. Погребалните претпријатија, а не болниците, го доставуваат телото на семејството и го организираат погребот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This