Се огласи МНР за ckaндалот со дипломатската пратка: Не е најдена никаква трага за евентуална злoyпотреба на дипломатска пратка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за надворешни работи излезе со соопштение за наводите што ги објавија дел од медиумите, според кои во пратка означена како дипломатска пошта на Министерството, во камиони се носеле и шверцувале цигари и пијалоци.
Во продолжение го пренесуваме соопштението на МНР во целост:
„Изминативе неколку дена во јавноста се појавија информации од повеќе места за наводна злоупотреба на дипломатска пратка. Дозволете да информираме дека во рамките на Министерството за надворешни работи дадена е насока на нашите служби да ја прегледаат целата документација, да се проверат сите информации од страна на дипломатско конзуларните претставништва, со цел проверка на ваквите наводи.
Според првичните информации добиени во изминативе два дена, не е најдена никаква трага во Министерството, за евентуална пратка која би можела да биде основа за злоупотреба.
Дополнително, дадена е насока и во рамките на нашите дипломатско конзуларните претставништва за проверка на сите добиени информации за евентуални случаи со приведени наши граѓани, кои би можеле да бидат слични со пласираните наводи. Засега и од нашите претставништва не е добиена информација за евентуален сличен случај, кој би можел да соодветствува со наводите.
Иако нема потврда за постоење на ваков случај, Министерството има политика на нулта толеранција за злоупотреба или евентуално фалсификување на дипломатски документи или документи на институцијата, и оттука, Министерството за надворешни работи во следниот период ќе продолжи со темелни проверки на појавените наводи и за тоа соодветно ќе ја информира јавноста

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This