дома Спорт Се огласи Мурињо по победата над Шкендија

Се огласи Мурињо по победата над Шкендија

Екипата на Тотнем се пласира во плејоф-фазата од Лига Европа, откако вечерва ја coвлада Шкендија со 3-1, но далеку потeшко од очекуваното, заклучок што го потврди и тренерот на премиерлигашот, Жозе Мурињо.

Португалецот потенцира дека работите на теренот се одвивале онака како што предвидел неговиот поранешен играч во Интер, Горан Пандев.

„Пандев пред некој ден ми кажа дека нема да ни биде лесно во Скопје и навистина беше така. Убаво е да се побeди трипати по ред и тоа далеку од дома. Но, тоа е наша работа – да победуваме. Шкендија има добар тим, кој игра со различен интензитет од нашиот. Стартувавме силно и мислевме дека го имаме натпреварот, но тогаш тие постигнаа гол и ни ја отeжнаа работата. Моите фудбалери добро реагираа на ова и на крајот стигнавме до победа“, изјави Мурињо.