Се огласи Нетанјаху по склучувањето на примирјето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека израелската операција во Газа е успешна и дека му нанела штета на Хамас.

Тој во првото обраќање пред новинарите по прекинот на огнотдодаде дека Израел нема да дозволи нови ракети од Појасот Газа.

„Ако Хамас мисли дека ќе толерираме и најмало парче ракета, се лаже. Ќе одговориме со поинаков интензитет. Она што се случи нема да се повтори”, рекол Нетанјаху, а пренесува „Џерусалим пост“.

Нетанјаху нагласи дека јавноста, а ниту Хамас, не знаат сè што се случувало.

„Сите наши достигнувања ќе бидат откриени со време. Можам да кажам дека сме направиле храбри и нови работи. Ако беше неопходна инвазија на копно, ќе започневме, но мислам дека можевме да ја достигнеме целта на побезбедни начини”, додаде Нетанјаху.

Примирјето меѓу Израел и Хамас започна утрово во 2 часот по локално време.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This