дома Балкан СЕ ОГЛАСИ СОПРУГАТА НА ХАРАДИНАЈ: Еве што сподели на својот Фејсбук профил

СЕ ОГЛАСИ СОПРУГАТА НА ХАРАДИНАЈ: Еве што сподели на својот Фејсбук профил

Информацијата дека Харадинај поднел оставка од позицијата премиер од привремените приштински институции, ја објави и неговата сопруга на асвојот Фејсбук профил.

Анита Харадинај ја објавила изјавата на Харадинај од конференцијата за новинари, на која соопштил дека ќе поднесе неотповиклива ocтавка поради тоа што добил повик од Специјалниот суд во Хаг, формиран за истрага и процесуирање на одговорни поранешни припадници на ОВК за вoeни злocтopства.

Харадинај рекол дека повикот за сослушување го добил денеска, а дека за датумот на сослушувањето ќе биде известен дополнително.

Премиерот во оставка е во брак со русокосата новинарка на РТК Анита Муцај од 2003 година, од која наводно бил маѓепсан кога дошла да го интервјуира уште како лидер на ОВК.

Меѓутоа, Рамуш тогаш бил во брак со Јоана Карлсон од Финска, со која го има синотт Шкељзен. Ја запознал на вратата од ноќниот клуб каде работел како oбeзбедување. Таа љубовна приказна завршила во 2001 година наводно на инсистирање на Рамуш.

Што потоа се случило, никој не знае, а потоа следувала „судбинската средба со Анита, со која денес има 3 деца – два сина и една ќерка.