дома Македонија СЕ ОГЛАСИ СТЕФАНОВА: Ништо не е вистина од снимката на италијанскиот весник

СЕ ОГЛАСИ СТЕФАНОВА: Ништо не е вистина од снимката на италијанскиот весник

Лиле Стефанова, обвинитeлkа од Специјалното јавно oбвинитeлство тврди дека ништо не е вистина во снимката која ја објави италијанскиот весник „Ла верита“.

Лично ја слушав денешната објава на снимката за предметот кој и мене директно ме тангира. Апсолутно нема никаква вистина, вели за „Слободен печат“ Стефанова.

Токму името на oбвинитeлkата Стефанова се споменува во новата снимка која утринава како што од вчера најави новинарот Ларис Гајсер, ја објави во италијанскиот весник „Ла Верита“, а се однесува за снимени материјали за случајот „Рекет“.

Стефанова вечера, кога излезе првата снимка која ја објави „Ла верита“ изјави дека не само што не знаела дека постои таква снимка, туку и дека била згрозена.