Се огласи ќерката на Мерима Његомир: Не верувавме дека крајот ќе дојде толку брзо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По тешко боледување вчера почина пејачката Мерима Његомир. Имено, неодамна беше откриено дека пејачката боледува од рак и дека е во тешка состојба, а децата до самиот крај беа со неа. Ќерката на Мерима, Љубица Његомир со „Republika“ зборуваше за последните денови на нејзината мајка.

„Последните два месеци бевме со мајка ни, ние четирите деца. Тоа ѝ значеше многу, а и нам. Беше голема чест и привилегија да ја имаме Мерима за мајка, таа беше наш столб и потпора цел живот. Таа отсекогаш била центарот на нашето семејство. Немаше последна желба бидејќи никогаш не зборувавме за крајот… Не верувавме дека крајот ќе дојде толку брзо. Се бореше и никогаш не сакаше да зборува за крајот“, рече ќерката на Мерима Његомир и додаде:

„Толку луѓе ни се јавија и ни дадоа поддршка, луѓе што ги знаеме и луѓе што не ги знаеме. Дури сега некако сфативме колку нашата мајка беше сакана, пожртвувана и ценета, колку им беше драга на луѓето. Морам да кажам дека не сме свесни дека веќе ја нема, не можеме да прифатиме… Сите сме уште во шок, сѐ се случи одеднаш“, изјави Љубица Његомир.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This