дома Политика СЕ ОДВАЖИ УШТЕ ЕДЕН ПРАТЕНИК НА ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Илиоски нема да гласа...

СЕ ОДВАЖИ УШТЕ ЕДЕН ПРАТЕНИК НА ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Илиоски нема да гласа за уставни измени!

Еден по еден пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на своите Фејсбук профили се одважуваат и јавно на своите официјани Фејсбук страници потврдуваат дека во никој случај нема да гласаат за промена на уставот на Македонија. Откако претходно тоа го направи пратеничката Дафина Стојановска, сега тоа го стори и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, Зора Илиоски. Тој истакна дека како народен претставник непосредно избран да ги застапува граѓаните ќе го почитува Уставот и како пратеник нема мандат, ниту овластување за да го менува Уставот и промена на името на Република Македонија.

-Како народен претставник непосредно избран да ги застапува граѓаните во Собранието, сум дал свечена изјава дека ќе го почитувам Уставот и ќе ги бранам интересите на Република Македонија.
Како пратеник, немам ниту мандат, ниту овластување, а ни лична намера, да гласам за било какви измени во Уставот со кои би се променило уставното име на мојата Татковина – Република Македонија, вели Илиоски.