дома Uncategorized Се одложи судењето за „Талир“, Димовски наместо во судница, на собрание на...

Се одложи судењето за „Талир“, Димовски наместо во судница, на собрание на НАТО

енеска во Кривичниот суд стартуваше судењето за случајот „Талир“, но набрзо рочиштето беше одложено бидејќи еден од обвинетите, пратеникот Илија Димовски, е на службен пат во Брисел, каде треба да присуствува на парламентарен состанок на генералното собрание на НАТО.

Поради неговото оправдано отсуство, рочиштето беше одложено за 7 март.

Во судница покрај обвинетите Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, и Леллко Тистовски, седеше и Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО- ДПМНЕ, како претставник од партијата.

Обвинението за незаконското финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ е поднесено против екс премиерот Никола Груевски, и неговите доскорашни соработници Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски, Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска. Сепак на Чингаровска нема да и се суди, бидејќи таа неодамна доби двегодишна условна казна откако се спогоди со СЈО и призна вина.