дома Занимливости СЕ ОЖЕНИ СТЕФАН БОГОЕВ: Се венчаа во Св.Пантелејмон, свадба ќе правеле во...

СЕ ОЖЕНИ СТЕФАН БОГОЕВ: Се венчаа во Св.Пантелејмон, свадба ќе правеле во септември

Пред два дена, градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев се заколна на вечна љубов. Тој судбоносното ДА и го кажа на својата долгогодишна девојка Ивана Ангеловска. Тие се венчаа пред најблиските роднини во црквата Св. Пантелејмон. Избраничката на градоначаникот на општина Карпош се одлучи за сребрена шик креација.

Според изјавата на Стефан со свадбена веселба ќе прослават оваа есен.

– Денеска се венчавме во црквата Св. Пантелејмон во Карпош и се регистриравме. Потоа со семејството прославивме во ресторан, исто така во Карпош. Свадбата е закажана во септември, изјавил за женски магазин Богоев во саботата.

Стефан ја запроси својата долгогодишна девојка Ивана во февруари годинава. За свечениот момент одбра симболичен датум – нејзиниот роденден.