дома Свет СЕ ОСТВАРУВААТ НАЈМРАЧНИТЕ ПРЕДВИДУВАЊА НА ГАДАФИ: Братот на екс-лидерот на Либија со...

СЕ ОСТВАРУВААТ НАЈМРАЧНИТЕ ПРЕДВИДУВАЊА НА ГАДАФИ: Братот на екс-лидерот на Либија со порака до светот!

Најмрачните предвидувања на бившиот лидер на Либија Муамер Гадафи за развојот на случувањата во таа северноафриканска земја и другите арапски земји по насилното уривање на легитимните власти, се остваруваат, изјави братот на бившиот либиски претседател, лидерот на Фронтот за национална борба во Либија и некогашен координатор на либиско-египетските односи Ахмет Гадаф ел Дам

Шест години по „арапската пролет“ Либија, една од најбогатите земји во Африка се претвори во опустошена од војна земја која практично живее без една централна влада. Некогаш просперитетните Либијци секојднвно се соочуваат со недостаток на храна, гориво и лекови, недостаток на електрична енергија. Завземени од прераспределбата на моќта, новите лидери не се во состојба да ја обединат земјата и да започнат реконструкција на инфраструктурата и економијата.

„Гадафи беше историчар и револуционер со животно исуство. Имаше информации за заканите во регионот на Блискиот Исток…предпредуваше тој на тоа уште во 80-тите години, се тоа е забележано. И сега, за жал, се што предвиде се исполни“, рекол братот на Гадафи.

„Ако проблемот беше заминувањето на Гадафи од власт или (бившиот ирачки лидер) Садам Хусеин, како што тие тврдеа, тогаш зошто сето бесмислено разорување и убивање и понатаму се случува?“, додава Ел Дам.