дома Балкан Се откажува снимањето на „Ѕвездите на Гранд“

Се откажува снимањето на „Ѕвездите на Гранд“

Снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ засега се откажува, одлучил директорот на продукцијата Саша Поповиќ. Оваа одлука доаѓа поради смpтта на Дивна Карлеуша, која покрај тоа што е мајка на Јелена, член на жирито, беше и лична пријателка на Поповиќ.


Снимањето на музичкото шоу ќе продолжи по неколку недели, а како што пренесува српски „Курир“, на местото на Јелена Карлеуша како дел од жирито и тренер на натпреварувачите, ќе биде поставена замена. Кој ќе ја заменува Карлеуша засега не е познато.

Пејчаката некое време нема да се појавува во јавност.