дома Локално СЕ ОТРУЈА ЛУЃЕТО, ЗАЕВ СЕ СПРЕМА ЗА ОДМОР ВО ШПАНИЈА: Повторно се...

СЕ ОТРУЈА ЛУЃЕТО, ЗАЕВ СЕ СПРЕМА ЗА ОДМОР ВО ШПАНИЈА: Повторно се запали депонијата во Струга, ситуацијата излегува од контрола!

Од попладнево депонијата во Струга повторно е во пламен.

 

Повторно се активираше пожарот кај депонијата во Струга, а пожарникарските екипи се борат со пламенот.

Црни облаци чад пак се надвиснуваат над Струга и струшко и се шири непријатна миризба.

Ова е уште едно ново активирање на пожарот кое доаѓа само една недела откако беше преземена акција за гаснење на претходниот пожар и откако депонијата беше покривана со земја и песок за да се спречат нови вакви непогоди.

Додека граѓаните се сериозно загрижени за своето здравје и загадувањето, новата влада повторно ја покажува на дело својата неспособност.

Жителите на Струга бараат решение за проблемот со дивата депонија која се наоѓа на само 500 метри од градот.