дома Македонија СЕ ОФИЦИЈАЛИЗИРА КАНДИДАТУРАТА НА ПЕНДАРОВСКИ: Започна 23-от Конгрес на СДСМ

СЕ ОФИЦИЈАЛИЗИРА КАНДИДАТУРАТА НА ПЕНДАРОВСКИ: Започна 23-от Конгрес на СДСМ

Во Скопје напладне започна 23-от Конгрес на Социјалдемократскиот сојуз на кој партијата треба да го потврди Стево Пендаровски за кандидат за претседател на државата на претстојните избори.

Конгресот беше отворен со обраќање на премиерот и лидер на партијата Зоран Заев.

По обраќањето конгресот ќе биде затворен за јавноста, а повторно ќе биде отворен на крајот кога ќе се обрати избраниот кандидат за претседател на државата.

Стево Пендаровски доби поддршка да биде заеднички претседателски кандидат на 31-на политичка партија од коалицијата предводена од СДСМ, владината коалиција исите поддржувачи на концептот за заеднички кандидат за претседател на државата.