Се очекуваат ли немири утре? Се преземаат посебни мерки за заштита на државниот врв во пpecpет на утрешниот пpoтест за „Монcтpyм“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред и за време на утрешниот протест што ќе биде организиран во Скопје поради изречените максимални казни за обвинетите во „Монструм”, од безбедносни извори се дознава дека се подготвуваат посебни мерки за заштита на јавниот ред, но и мерки на обезбедување – изолација на државните функционери – премиерот, претседателот на државата и на неколкумина министри и лица од одредени институции. Од организациониот одбор на протестот велат дека протестниот марш ќе тргне од паркот во Чаир и ќе се протестира пред Судот, а потоа и пред Владата.

Бедри Ајдари, роднина на еден од осудените лица во судскиот процес „Монструм” потврди дека за утре е закажен протест во Скопје од кој ќе се изрази незадоволство поради осудителните пресуди на крајот од повтореното судење за убиството на четирите момчиња и рибарот крај Смилковското Езеро. Протестот е заради тоа што се работи за монтиран судски процес, вели Ајдари.

На неговиот фејсбук профил е објавена фотографија, како плакат за протестот проследена со следниот текст: „Сите објави за протестни повици кои се слични на овој текст се прифатливи и точни информации, останатото е дезинформација”.

А, на плакатот е наведено дека протестниот марш ќе започне по петочната молитва во џамиите, во 13.30 часот кога ќе се тргне од паркот во населбата Чаир кон Судот, а потоа и кон Владата.

Пред два дена, по изрекувањето на пресудата, Ајдари повика на протест упатувајќи порака и до државните водачи да поддржат процес на „регулирање на македонскиот правен систем”.

„Ова не е правна држава и нема правен систем. Ќе протестираме во петок и ова е еден вид на војна. Тука сме и ќе се бориме, какви нѝ се средствата, така ќе дејствуваме”, изјави Ајдари по изрекувањето на пресудата.

Од Министерството за внатрешни работи за МКД.мк потврдија дека протестот е најавен. Велат дека процедурата и за овој протест е стандардна, дека врз база на проценки за масовноста, како и проценките за евентуален безбедносен ризик се планира присуство на полициските сили и исклучување од сообраќај на одделни булевари и улици низ градот. Ќе бидат преземени и соодветни мерки за заштита на граѓани и имот доколку јавниот ред биде нарушен, велат од МВР.

Од МВР не ги коментираат информациите за преземање на посебни мерки за заштита на функциониерите од државниот врв, кои подразбираат и нивна изолација, туку повторуваат дека во согласност со состојбите на терен ќе бидат преземани соодветни мерки.

Инаку, протест беше одржан и по судското рочиште на кое обвинителството побара максимални казни за обвинетите лица. И тогаш протестниот марш тргна од Чаир, а толпата беше пречекана од полицијата пред заградата на Министерството за надворешни работи за да не се дозволи протест пред зградата на Јавното обвинителство. По говорите, за време на кои беше скандирано „УЧК-УЧК”, беа упатувани навредливи зборови кон обвинителите, а во голем број не се носеа заштитни маски на лицата, дојде и до инциденти во кои беа скршени прозорци на зградата на МНР и на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и беа превртувани контејнери.

Во полиција потоа биле повикани 14 лица на информативни разговори, а од МВР најавија покрај прекршочните казни и кривични постапки за некои од лицата. Меѓу казнетите беше и Блерим Ахмеди, кој претходно, како организатор, го најави проестот како мирен во МВР.

Ахмеди, по двочасовниот разговор во полициската станица на Бит пазар, доби налог да плати казна во износ од 510 евра во денарска противредност „за непочитување на здравствените протоколи”.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This