April 23, 2024, 11:46 pm

Се очекува напад врз Кабул: Талибанците се приближуваат, а САД брза да ги евакуира своите дипломати

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сѐ повеќе градови паѓаат во рацете на талибанците, а денеска тие стигнаа на само 70 километри од главниот град на Авганистан, Кабул. Сега тоа предизвика општ хаос во земјата и многу земји испраќаат свои трупи за да ги излечат персоналот од амбасадите и своите граѓани од земјата.

Денеска и македонското Министерство за надворешни работи испрати соопштение во кое се вели дека десетици наши државјани имаат тешкотии да обезбедат место во комерцијалните летови и да заминат од Кабул и дека во Министерството е формирана работна група за следење на состојбите, координирање на активностите поврзани со извлекувањето на нашите граѓани од Авганистан.

МНР: Во Авганистан сѐ уште има наши државјани, формирана е работна група за нивно извлекување

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани денеска одржа итни разговори со локалните лидери и меѓународни партнери, додека талибанските бунтовници се приближуваат до Кабул, заземајќи град јужно од главниот град, кој овозможува лесен пристап до градот, објави Ројтерс.

Соединетите Држави и Велика Британија испратија војници за да помогнат во евакуацијата на своите амбасади, откако милитантите почнаа да ги заземаат главните градови на покраините во Авганистан, а американските и другите странски сили кои ја поддржуваа авганистанската влада се повлекоа.

Многу Авганистанци побегнаа од провинциите во главниот град, протерани од борбите и стравувајќи од враќање на тврдокорната исламистичка власт, бидејќи отпорот на авганистанските владини сили се распаѓа.

„Како ваш претседател, мојот фокус е да спречам понатамошна нестабилност, насилство и раселување на мојот народ“,
рече Гани во краткото телевизиско обраќање и додаде дека е во консултации со владата, старешините, политичарите и меѓународните лидери.

Тој не не одговори на барањето на талибанците да си поднесе оставка како услов за какви било разговори за прекин на огнот и политичка спогодба, велејќи дека негов приоритет останува консолидацијата на безбедносните и одбранбените сили на земјата.

„Се преземаат сериозни мерки во овој поглед“, рече тој без да наведе повеќе детали.

Катар, кој досега беше домаќин на мировни преговори меѓу авганистанската влада и талибанците, рече дека ги повикал бунтовниците да престанат со огнот за време на состанокот со нивните претставници денеска.

Претходно, талибанците, соочувајќи се со мал отпор, го зазедоа Пул-е-Алам, главен град на провинцијата Логар, оддалечен 70 километри јужно од Кабул.

Меѓутоа, полициските службеници ги негираа извештаите дека талибанците напреднале поблиску до Кабул од Пул-е-Алам, кој е значајна стратегиска точка за потенцијален напад врз главниот град.

Заземањето на градот дојде еден ден откако бунтовниците ги зазедоа вториот и третиот по големина градови во земјата. Талибанците велат дека за брзо време ќе падне и Мајдан Шахр, друг град во близина на Кабул.

Официјален претставник на авганистанската влада во петокот потврди дека Кандахар, најголемиот град на југот и кој претставува центар на Талибанците, е под контрола на милитантите, бидејќи силите предводени од САД се повлекле од градот по 20 години војна.

Херат на западот на земјата, во близина на границата со Иран, исто така, падна во рацете на милитантната група. Талибанците во саботата соопштија дека ги освоиле главните градови на провинциите Кунар, Пактика и Пактија на источната граница на Авганистан.

Американските војници почнаа да пристигаат во Кабул за да помогнат во евакуацијата на персоналот на Амбасадата на САД во земјата и другите цивили, изјави американски функционер кој сакаше да остане анонимен.

Пентагон соопшти дека два баталјона маринци и пешадиски баталјон ќе пристигнат во Кабул до недела навечер, составени од околу 3 000 војници. Борбениот тим на пешадиската бригада ќе се пресели во Кувајт за да дејствува како сила за брза реакција за безбедност во Кабул, доколку е потребно.

Чешка соопшти дека ги евакуира своите двајца дипломати во саботата, а Германија рече дека ќе распореди војници за да ги извлечат своите дипломати што е можно поскоро.

Некои амбасади почнаа да горат доверливи материјали пред евакуацијата, се вели во дипломатски извештаи. Според некои сведоштва, многу луѓе во главниот град складираат храна и прва помош.

Пристигнати се десетици апликации за виза, рекоа официјални лица, а Вашингтон бара од земјите привремено да ги сместат Авганистанците што работеле за американската влада.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, во петокот пред падот на Пул-е-Алам изјави дека постои загриженост дека талибанците за неколку дена можат да тргнат на Кабул.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This