дома Македонија Се подготвува тримесечна прослава за 20-годишнината од Рамковниот договор

Се подготвува тримесечна прослава за 20-годишнината од Рамковниот договор

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците објавил оглас за организација на серија настани и продукција на разни материјали по повод одбележувањето на 20-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор. Договорот за јавната набавка ќе биде со времетраење од 3 месеци, а манифестацијата е предвидено е да се одвива во периодот од јуни заклучно со август 2021 година.

Од опозициската Алијанса за Албанците велат дека три месечна прослава со парите на граѓаните, во време кога самите граѓани трпаат тешки последици од кризата не е ништо друго освен предвремена кампања спроведена од Артан Груби.

– Да размислувале за спроведување на Рамковниот Договор вака како што мислат за прослави во негово име, ке бевме во сосема друга ситуација. Срамно е да организираш три месечна прослава за 20 годишнина на договор, а од друга страна и по 20 години се уште се зборува за тоа кога договорот ќе се спроведе целосно. Три месечна прослава со парите на граѓаните, во време кога самите граѓани трпаат тешки последици од кризата не е ништо друго освен предвремена кампања. Се поставува прашањето, што ќе слави: членство во ЕУ, интеграција и рамноправност на сите заедници, независно судство, социјална правда, етничката застапеност, или кој друг од столбовите на Охридскиот договор е целосно спроведен? Оваа е злоупотреба на парите на граѓаните за тримесечна партиска предвремена кампања која таман завршува пред да почне редовната кампања – изјавува за Слободен печат, Ремзи Мехмеди, потпретседател на партијата Алијанса за Албанците.

Се поставува прашањето, истакнува тој, кој ќе ги добие парите за спроведување на оваа манифестација-кампања, кога веќе знаеме како завршуваат парите на сличните активности организирани од ДУИ и во оваа и во минатата Влада.

– Не би се чуделе ако и оваа идеја е патентирана од Рашковски или некој друг Рашковски од редовите на ДУИ – нагласува Мехмеди.