дома Актуелно Се полнеа ли кутии?: Во Сарај за час и половина пред затварањето...

Се полнеа ли кутии?: Во Сарај за час и половина пред затварањето на кутиите гласале речиси 2000 жители

За час и половина 1991 жител на Сарај успеале да излезат на гласање. Иако оваа општина остана со најмала излезност од скопските, процентот на гласачи кои го остварите правото на глас за кратко се искачи за 6%, што отвора сомнеж за изборни нерегуларности во оваа општина.

Гласањето во Сарај секогаш се одвива под соминтелни околности. Преку ден излезноста е мала, а значително се зголемува во последните часови кога паѓа мрак. Денеска од корист беше и промената на времето, односно зимското сметање.

Ова е Сарај и никој не може да те спаси, вели во своето сведоштво за „Лидер“ набљудувачот кој денеска во село Бојане физички беше нападнат од страна на повеќе лица.