дома Занимливости СЕ ПОЈАВИ ВО ОГHЕНO ИЗДАНИЕ: Гламурозна како и секогаш, Џеј Ло воодушеви...

СЕ ПОЈАВИ ВО ОГHЕНO ИЗДАНИЕ: Гламурозна како и секогаш, Џеј Ло воодушеви во овој фустан

Џенифер Лопез (50) се појави на сетот за новиот филм „Marry me“ во кој глуми со Џен Бредли, а се појави во огнено издание кое ги остави без здив сите колеги и фотографи.

Латино дивата го стегнала телото во црвен светликав фустан.

Овој модел на фустан имаше набрани ракави, додека на задната страна беше поставен патентот кој се протегаше низ целиот фустан.

Со оглед на тоа колку беше тесен фустанот, во прв план се истакна нејзината позадина која, како што на сите ни е познато, е осигурана на милион долари.

Гламурозното издание го надополни со црвени потпетици од Џанвито Роси.

Инаку Џенифер Лин Лопез е позната американска актерка, поп пејачка и танчерка. Родена е на 24 јули 1969 во Бронкс, Њујорк, од родители со порториканско потекло: Гвадалупе Родригез и Дејвид Лопез. Има две сестри, Линда и Лесли. Посетувала католичко средно училиште каде што почнала да се занимава со спорт, а од 16 години започнала да посетува часови по танцување и пеење. Го напуштила школувањето после еден семестар на колеџ и целосно се посветила на танцувањето.

Нејзин прв позначаен настап како танчерка бил во популарното телевизиско шоу „Во живи бои“ (In Living Color), а нејзин прв познат филмски настап е во филмот „Воз со пари“ (Money Train). Како пејачка се проби во врвот на популарната музика со деби албумот „На 6-ка“ (On the 6) објавен на 1 јуни, 1999, како и со вториот албум „Џеј Ло“ (J.Lo).