дома Македонија Се приклучи и Битола – најaвeн прoтеcт прoтив кoрoна прoпуcниците

Се приклучи и Битола – најaвeн прoтеcт прoтив кoрoна прoпуcниците

Преку социјалната мрежа Фејсбук за утре е најавен протест и во Битола од 19 часот на плоштадот „Магнолија“.

Во објавата за мирниот протест се вели дека доста беше одржување некаков си “мир” со духот на млакоста, доста беше рамнодушност која му е во целосен прилог на тие кои сакаат да не поробат. Според организаторите цел свет протестира и време е да се протестира против рестрикциите, забраните, поделбите и да се каже стоп против, како што е наведено, присилната вакцинација.