дома Балкан Се продлабочува политичката kpиза: Трет обид за формирање влада, Радев до петок...

Се продлабочува политичката kpиза: Трет обид за формирање влада, Радев до петок треба да го врачи третиот мандат

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека до петок мора да го врачи третиот мандат. „Можам и да го забавам и ќе направам тоа, но до петок”, има изјави Радев на новинарите при денешната посета на Болјарево и Тополовград, јави БГНЕС.

Бугарскиот претседател одби да каже на која партија ќе и го предаде мандатот, а само нафрли дека „сите опции се отворени”.

-Во оваа конфигурација во парламентот, ако сме успешни, зборот компромис мора да биде присутен, а не е присутен, рече Радев. Тој повторно ги повика пратениците да размислат за донесување на ребалансот на буџетот.

Според него, можни се двојни избори есенва, но не е јасно дали тоа е технички остварливо.