дома Македонија СЕ ПРОСВЕТЛИ И ГЕРОСКИ: Автопатот не бил ниту на Заев ниту на...

СЕ ПРОСВЕТЛИ И ГЕРОСКИ: Автопатот не бил ниту на Заев ниту на Груевски, туку на даночните обврзници

Новинарот и уредник на порталот Плусинфо и на весникот Слободен Печат, Бранко Героски, во неговата денешна колумна насловена „Автопатот не е ни на Груевски ни на Заев, туку на даночните обврзници!“, ја коментира дебатата која се води помеѓу политичките партии за тоа кој го изградил Автопатот, Демир Капија – Смоквица, кој беше целосно завршен во време на ВМРО-ДПМНЕ, а пуштен во употреба дури после една година од владата на СДСМ.ger

-Во суштина, проблемот не е во тоа кој бил скиселен, а кој бил радосен, туку во фактот дека не е добро кога политичарите се китат со туѓо перје. Ниту Заев го изгради автопатот Демир Капија – Смоквица, а богами ни Груевски. Патот го изградија вредните градежници, а го плаќаат и допрва ќе го плаќаат даночните обврзници, граѓаните на Република Македонија.- пишува Героски.

Тој додава дека е погрешен потег на Владата тоа што не претставиле претставници на опозицијата на отворањето на автопатот.

-И уште нешто: редно беше на оваа церемонија да бидат поканети претставници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Не Груевски, се разбира. Но, можеше да биде поканет новиот претседател на партијата, некој од потпретседателите, или некој од пратениците. Можеше и на таков начин да се испрати порака дека Македонија ќе гради пријателство (како што е името на автопатот), ама не само со соседите, туку и внатре, меѓу граѓаните со различни политички убедувања. – вели Героски.