Се пojaви пpвиoт гpaд кoj имa кoлeктивeн имyнитeт нa кopoнaвиpycoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се појави првиот град во светот кој има стекнато колективен имунитет на коронавирус.

Научниците велат дека имаат докази дека градот Манаус веќе има тотален колективен имунитет, што можеби се должи на тоа дека имало многу заразени меѓу жителите што веќе развиле имунитет.

Во месец јули коронавирусот многу брзо се прошири низ Манаус, најголемиот град во Амазонија, а потоа следуваше рапиден и необјаснив раст на бројот на заразени и починати.

Дваесетина научници од Бразил и Велика Британија сега објаснуваат дека откриле зошто вирусот останал без домаќини.

Групата која била водена од Естер Сабино од Институтот за тропска медицина при Универзитетот Сао Паоло ги анализирала примероците од градската банка на крв и ги тестирала на антитела на коронавирус.

Во месец март биле заразени меѓу 44 и 66 отсто од жителите на коронавирус, посочуваат научниците.
Во пикот пак, градот имал по 80, а потоа паднал на само неколку смртни случаи, иако бројот на жители изнесува 1.8 милиони.

Досега во Манаус 2.462 луѓе ја изгубија битката со Ковид-19.

Експертите велат дека создавањето на колективен имунитет е опасно, а овој вид на имунитет може да има краток рок.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This