дома Актуелно СЕ РАЗБОЛЕА АДВОКАТИТЕ НА ЗАЕВ: Одложeно рочиштето за „Поткуп”

СЕ РАЗБОЛЕА АДВОКАТИТЕ НА ЗАЕВ: Одложeно рочиштето за „Поткуп”

Кривичниот суд во Скопје денеска го одложи рочиштето од судскиот процес за случајот “Поткуп” во кој е обвинет претседателот на СДСМ Зоран Заев.

 

Заев изјави дека неговиот адвокат, Ване Андреев, кој најавил дека ќе стигне на рочиштето, имал проблеми со возилото, а останатите двајца адвокати, Филип Медарски и Јаким Наумов, беа отсутни поради здравствени причини.

Судијката Дијана Груевска Илиевска го закажа следното рочиште за 2-ри декември и определи алтернативен рок на 20-ти декември поради барањето на Заев судењето да продолжи по завршувањето на изборите.

Во судот пристигна и струмичкиот бизнисмен Иван Николов од кого, според обвинението, Заев побарал 160 000 евра поткуп.