дома Македонија СЕ РАСПАЃА ВЛАДИНОТО МНОЗИНСТВО: Власта со закана до Ферид Мухиќ да го...

СЕ РАСПАЃА ВЛАДИНОТО МНОЗИНСТВО: Власта со закана до Ферид Мухиќ да го отстапи пратеничкото место ако не планира да гласа за уставни измени

Во најавата на емисијата 360 степени на Алсат М, министерот Димитров беше запрашан дали власта успеала да го врати Мухиќ во таборот кој ќе гласа за уставните промени, на што Димитров одговара дека тој што не верува во Преспанскиот договор треба да се повлече од пратеничката функција со што потврди дека на власта не и се потребни 8 пратеници од опозицијата туку вкупно 9 затоа што најверојатно професорот Мухиќ нема да гласа за уставни измени.

„Прашањето е преголемо и мислам дека е чесно ако не верувате да се тргнете„ изјавува Димитров во интервјуто што ќе биде емитувано вечерва.

Мухиќ предходно во неколку наврати изјави дека договорот за името со Грција е штетен и навредлив за Македонија и гласаше против а слично постапи и за договорот со Бугарија за кој што беше воздржан во Собранието.