дома Балкан Се роди бебе во контејнер покрај paзурнатата болница во Сисак веднаш по...

Се роди бебе во контејнер покрај paзурнатата болница во Сисак веднаш по зeмјотресот

Началникот медицинските сестри Ален Садиковиќ од Одделот за педијатрија во болницата во Сисак изјави дека ситуацијата е катастрофална и хаотична.

Се урнаа ѕидови, сите прозорци се искршија. Децата на беа на одделение затоа што ги испративме дома по вчерашниот земјотрес, но имаше и деца во амбулантата, која за среќа можеа бргу да излезат. Мајките беа вознемирени, децата врескаа. За среќа, никој не беше повреден. Јас воопшто не знам што да кажам, тотално сум под стрес, рече Садиковиќ за Дневник Нова ТВ.

Евакуацијата од болницата во Сисак се уште трае.

Ова секако е еден од нашите најтешки моменти. Останавме без нашите пациенти, затоа сме тука. Во болниците во Загреб има повеќе од сто пациенти, од кои околу 85 се пациенти со КОВИД. Штетите на сите згради, освен гинекологијата, се такви што не можеме да продолжиме да работиме нормално, но болницата функционира. Брзата помош работи 24 часа на ден и продолжува во зградата на гинекологија, изјави Томислав Дујменовиќ, директор на болницата во Сисак.

Покрај болницата поставен бил контејнер на кој некој напишал со црн маркер: „Денот кога се тресеше“ со денешниот датум. Во овој контејнер се роди бебе веднаш по земјотресот.

Тука се случи пораѓањето. Сè заврши добро, а мајката и детето се добро и беа испратени дома по породувањето, изјави Матеа Ќориќ, репортер за ТВ Дневник Нова.