дома Занимливости Се роди јагне со натпис “јагне” на стомакот

Се роди јагне со натпис “јагне” на стомакот

13-годишниот Џејмс Стивенџ од Велика Британија забележал нешто необично на туку што родено јагне.

Јагнето е родено црно со неколку раштркани бели влакна кои изгледаат како да пишува „Lamb“ (јагне).

-Штом се роди го здогледав натписот на стомакот. Навистина пишува „lamb“, рече детето за британските медиуми.

Родителите имаат фарма и се занимаваат со сточарство, а вакво нешто досега немаат видено.

Тие велат дека јагнето е здраво и весело и оти по цел ден скока и игра.