дома Свет Се рaзведуваат Бил и Мелинда Гејтс по 27 години брак

Се рaзведуваат Бил и Мелинда Гејтс по 27 години брак

Милјардерите филантропи Бил и Мелинда Гејтс, kои се заедно веќе 27 години се разведуваат, објави парот во на социјалните мржи.

-После многу размислување и многу работа на нашата врска, донесовме одлука да го прекинеме нашиот брак, напиша на Твитер коосновачот на „Мајкрософт“ во понеделникот.

-Повеќе не веруваме дека можеме да функционираме заедно како двојка во следната фаза од нашите животи.

Бил Гејтс се оженил на први јануари 1994 со сопругата Мелинда. Таа имала 33 години, а тој имал 42 години. Имаат три деца, Џенифер Катарина(1996), Рори Џон(1999) и Фиби Адел(2002).

Во 2000 година со неговата сопргуга Мелинда Гејтс ја основаат “Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс” преку која имаат донирано околу 28 билиони долари.