дома Македонија Се скараа градоначалникот и претседателот на Совет- Коцевски побара јавно извинување од...

Се скараа градоначалникот и претседателот на Совет- Коцевски побара јавно извинување од Коциќ

На денешната прес конференција на градоначалникот Аце Коцевски на виделина испадна недоразбирањата и несогласувањата на релација градоначалник- претседател на Совет.

Тема на ваквите јавни препукувања беа мерните станици за загадување, кои требало да бидат поставени пред поголемите фабрики во градот и докажување во јавноста кој е поголем еколог и грижлив функционер за животната средина.

Подолг период во велешката јавност се зборуваше за недоразбирањата помеѓу градоначалникот, Аце Коцевски и претседателот на Совет на општина Велес, Ненад Коциќ. Денес ова беше и јавно потврдено.

Извор: Велес Денес