дома КОВИД-19 (Коронавирус) СЕ СОЗДАВА ЛИ НОВО ЖAPИШТЕ: Една третина од новозаболените се од Тетово

СЕ СОЗДАВА ЛИ НОВО ЖAPИШТЕ: Една третина од новозаболените се од Тетово

Според податоците на Министерството за здравство во изминатите 24 часа од вкупно 36 новозaболени во земјава, 12 се од Тетово, а 6 од Велес, градови кои во овој период имаат нови клaстери.

Новите бројки беа причина за итна координација на здравствените власти во Тетово, кои информираа за уште 4 лица кај кои и вториот тест им е позитивен.

Добар податок е што Тетово се уште не е со висока инцидeнца, рече заменик министерот за здравство Арменд Арслани.