дома Европа СЕ СОПНАЛ ОД РАНЕЦ ПОЛН СО ПАРИ: Германец пронашол 16 000 евра...

СЕ СОПНАЛ ОД РАНЕЦ ПОЛН СО ПАРИ: Германец пронашол 16 000 евра и ги вратил на сопственикот

Германец на 63-годишна возраст доби убаво божикно изненадување кога чесен пронаоѓач му го вратил ранецот во кој имало подароци и 16.000 евра во готово, кои ги заборавил под дрво.

Случаен минувач (51) ја известил полицијата откако пронашол ранец, од кој што случајно се спрепнал во близина на центарот на Крефелд, во Германија, нешто пред полноќ на Бадник.

Полицијата брзо го идeнтификувала сопственикот, на кого му го вратиле ранецот со пари.

Човекот кој ги нашол парите „ја oдбил наградата затоа што е Божик“, соопшти полицијата на Фејсбук.

„Навистина има луѓе кои прават добри дела на Божик.“

Во Германија, секој што ќе врати пронајден предмет може да добие награда чија вредност се заснова на вредноста на пронајденото. Во овој случај, пронаоѓачот можел да добие 490 евра доколку сакал да ги земе.

Сопственикот на ранецот изјавил дека носел многу пари со себе затоа што сметал дека се побезбедни.