дома Хроника СЕ СТЕПАЛЕ ВО ЦРКВА НА МИТРОВДЕН: Во струмичка Баница се степале во...

СЕ СТЕПАЛЕ ВО ЦРКВА НА МИТРОВДЕН: Во струмичка Баница се степале во црквата на Митровден, еден завршил на клиника

Во дворот на црквата „Св.Димитрија“ во село Баница, струмичко, вчера за време на прослава по повод верскиот  празник Митровден, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка помеѓу лицата Д.М.(31) и Т.М. од село Баница од една страна и Н.С. и Ѓ.Т. од друга страна, по што се приклучиле и други лица.

-Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Д.М., кој по укажаната помош во Медицинскиот центар Струмица бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Со телесни повреди се здобиле Т.М. и П.А.(28), информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица и се преземаат мерки за целосно  расчистување  на случајот.