дома Свет Се тестирам секој ден: Бајден ги смируваше новинарите откако доби нaпaд на...

Се тестирам секој ден: Бајден ги смируваше новинарите откако доби нaпaд на kaшлица среде прес конференција

Американскитот претседател Џо Бајден со засипнат глас и со неколку напади на кашлање одржа говор за економијата, што ги поттикна новинарите да го прашаат за неговото здравје.

„Добро сум. Секој ден се тестирам за Ковид. Ова го добив од мојот внук на една и пол година кој сака да му дава бакнежи на дедото. Настинка е само“, додаде тој.

Американскиот претседател минатиот викенд го помина со семејството, кога во Америка се славеше Денот на благодарноста.

Пред две недели тој беше на систематски, лекарот вели дека е во добра здравствена состојба

Здравјето на Џо Бајден, со оглед на тоа што тој е најстариот претседател некогаш избран во САД (79), привлекува посебно внимание.

Пред две недели тој беше подложен на систематски преглед, чии резултати ги објави Белата куќа, а неговиот лекар заклучи дека Бајден е во „добро здравје“.