дома десерти СЕ ТOПИ ВО УCТA: Колач со цреши и гриз

СЕ ТOПИ ВО УCТA: Колач со цреши и гриз

Ќе се воодушевите од овој колач, буквално се топи во уста.

СОСТОЈКИ:

500 гр цреши, 100 гр гриз, 150 гр брашно, 5 јајца, 200 мл јогурт, 1 кесичка прашок за печиво, 2 кесички ванилин шеќер, 100 мл масло, 100 гр шеќер, рендана кора од лимон, шеќер во прав за посипување.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Разматете јајца со шеќер, па додајте брашно со гриз и прашок за печиво, кое претходно сте го просеале. Додајте масло, рендана кора од лимон, јогурт и ванилин шеќер, па добро измешајте. Обложете плех со хартија за печење, па ставете ја смесата.

Од горе распоредете исчистени цреши. Печете околу 45 минути на 190 степени. Изладете го колачот, исечкајте го на коцки, посипете со шеќер во прав и послужете.

Уживајте!