дома Европа Се уpHa авион за гaceње пожapи во Турција, нема пpeживеани (ВИДЕО)

Се уpHa авион за гaceње пожapи во Турција, нема пpeживеани (ВИДЕО)

Во областа Кахраманмараша во Турција се урна авион за време на гасење пожар.

Се урна авион за гасење пожари во Турција, нема преживеани (ВИДЕО)

Во областа Кахраманмараша во Турција се урна авион за време на гасење пожар.
EPA-EFE

Противпожарниот авион турската Управа за шумарство го изнајмила од Русија. Авионот го користела канцеларија на регионалниот оддел за шумарство на градот Адане.

Според турските медиуми, во авионот имало седум лица: три пилоти, еден навигатор, еден техничар, еден оператер и еден инженер. Нема преживеани во несреќата, потврдија спасувачките служби.

Приватната новинска агенција ДХА соопшти дека авионот се урнал при гасење на пожар во шумата околу регионот Бертиз.

Сè уште не се знае што ја предизвикало несреќата.