СЕ ЧЕКА НА ЛИСТАТА НА ДОБРЕДОЈДЕНИ ЗЕМЈИ: Шпанија наскоро ги отвора границите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шпанија планира постепено да ги отвори своите граници од земјите кои се сметаат за сигурни во однос на бopба против коронавирусот. Веројатно тоа ќе почне од 22-ри јуни, соопштило Министерството на туризам на оваа земја.

Шпанија претходно најави дека на 1-ви јули ќе ги отвори границите.

Владата на премиерот Педро Санчез треба да ја уkине вонредната состојба на 21-ви јуни, што значи дека Шпанците повторно ќе може да се движат слободно.

Портпаролот на министерството за туризам рекол дека веројатно истото ќе почне да се применува кај некои странски туристи во понеделник, на 22-ри јуни, а можеби веќе и во недела, на 21-ви јуни, пренесува „Yahoo News“.

„Сакаме повторно да го активираме и забрзаме меѓународното патување, почнувајќи од областите со слични епидемиолошки ситуации“, рекле од шпанското Министерство за туризам.

Сè уште нема список на земји за кои би важела оваа мерка, па со самото тоа не знаеме ниту во каква положба ќе бидат Македонците во случај да сакаат да патуваат во Шпанија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This