дома Актуелно СЕ ЧИСТИ ВО ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ: Преку 160 семејства денес останаа без месечните...

СЕ ЧИСТИ ВО ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ: Преку 160 семејства денес останаа без месечните приходи, СДС брка луѓе и прави место за вработување на партиски војници!

Преку 160 фамилии денес останаа без месечните приходи, откако партиската машинерија на СДС започна со празнење на работните места со цел вработување на партиски активисти во државните институции

 

Преку 120 лица вработени во образовните институции во Прилеп, како и 23 лица од општинската болница но и 20 вработени во градинките во општината денес останаа на улица, без редовни месечни примања поради потребите на СДС за отворање на работни места на кои треба да се сместат партиските активисти на партијата.

На сметка на тоа, професионалците ќе трпат за леб, а преку 160 семејства од Прилеп ќе бидат ставени на работ на егзистенцијата.

СДС започна со брутална партизација на сите државни институции уште за време на краткото раководење во техничката влада, а таквиот тренд со уште позасилено темпо продолжи и по нелегалното формирање на владата.

Освен ова, денес агенцијата за патишта распиша оглас за вработување на 94 лица, а во партиските испостави на СДС веќе се прават списоци за тоа кој ќе добие работно место за плата од 500 евра на патарините.