дома Хроника СЕ ШОКИРАЛА КОГА ИЗЛЕГЛА ВО ДВОР: Возилото и било во пламен

СЕ ШОКИРАЛА КОГА ИЗЛЕГЛА ВО ДВОР: Возилото и било во пламен

Утринава околу  02:20 часот во полициска станица  се јавила 42-годишната А.Н. од Скопје и пријавила дека непознат сторител фрлил шише со запалива течност на патничко моторно возило „Пежо“, кое било паркирано на улицата „Ѓорѓи Капчев“, во дворот од куќата и нејзина сопственост. Опожарен бил предниот дел од возилото.

Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.