дома Политика СЕ ШТО СУМ СТЕКНАЛ БИЛО СО МНОГУ ТРУД И МАКА: Само луѓе...

СЕ ШТО СУМ СТЕКНАЛ БИЛО СО МНОГУ ТРУД И МАКА: Само луѓе без концесии ќе ги поразат остатоците на транзицијата кои сега владеат со државата

Во гостувањето на утринската емисија во ТВ Сител претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека тој е човек без концесија и дека се што има стекнато го стекнал со многу мака, труд и со многу работа.

Тој исто така посочи дека преку личен пример ќе се обиде на сите луѓе кои ќе вршат државна функција да покаже дека се генерација на политичари кои треба да остават историска трага за Република Македонија.

-За жал ние имаме политичка елите која има перцепција дека политиката е доходовна работа. Дозволете ми да ги разубедиме граѓаните на Република македонија дека оваа трета генерација политичари на ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе ги порази остатоците на транзиционите политичари кои што гледате дека практикуваат исти политики бидејќи таа е матрицата на нивните претходници од времето на транзицијата, рече Мицкоски.