дома Социјални Мрежи СЕ ЈАВИ УШТЕ ЕДНА ЖРТВА НА ПОЛИЦИСКОТО НАСИЛСТВО: Ниту ги удирав, ниту...

СЕ ЈАВИ УШТЕ ЕДНА ЖРТВА НА ПОЛИЦИСКОТО НАСИЛСТВО: Ниту ги удирав, ниту ги гаѓав со камења и флаши, а ми се „потпишаа“ со две скршеници

– Малку доцнам, но само што излегов од 24 часовен притвор. Вчера Хунтата на сдс преку својата полиција спроведуваше “шарено-демократско-прогресивни техники на дисциплинирање народ, пишува Александар Вучковски, еден од учесниците на простестите пред Собрание кои го искажаа својот револт за договорот со Грција.

– Да не ви се колнам сега дека ниту ги удирав, ниту ги гаѓав со камења и флаши ниту плукав, ниту давав отпор при ставање лисици, а сепак ми се “потпишаа”.
Резултат на оваа наша „дружба“ се 2 скршеници на коски, на плешка и дланка, пишува тој на својот Фејсбук профил каде ги има објавено и сликите од неговите повреди.