дома Балкан „СЕ ЌЕ БИДЕ ОНАКА КАКО ШТО ТИ ПОСАКУВАШЕ АНЃЕЛЕ МОЈ“: Јелена Карлеуша...

„СЕ ЌЕ БИДЕ ОНАКА КАКО ШТО ТИ ПОСАКУВАШЕ АНЃЕЛЕ МОЈ“: Јелена Карлеуша со потресни зборови се опрости од својата мајка!

Емоционални пораки ова утро се најдоа во медиумите посветени на починатата Дивна Карлеуша.Од неа на овој начин се збогуваше и нејзината ќерка Јелена Карлеуша.
Анѓелу наш убав и добар, ти си со нас,засекогаш додека ние живееме,ќе живееш и ти…беше во една од пораките потпишана со Јелена, Даниела, Марко, Атина, Ника и Душко.

Во втората порака, Јелена сама се опрости од својата мајка.

– Мојот победник, мојот голем борец … не грижи се за ништо, сè ќе биде како што сакаше … мојата гордост, мојот модел, мојата љубов,мојата убава насмевка … мирно спиј, анѓеле мој … твојата Јелена – пишува пејачката.