Се oглacи Димитров за пpивeдeниoт диплoмат: Во 2019 гoдина ce дoбиeни пpвитe индиции, нo нeмaшe пoтepницa или пpecyдa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За разјаснување на дипломатскиот скандал и во интерес на точно информирање на јавноста, укажувам на следниве факти и информации за односниот дипломат, напиша вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров на својот Фејбук профил наведувајќи неколку факти.

– Тој бил испратен во Мисијата на ОБСЕ во Виена во 2015 год., кога со МНР раководи друг министер. Неговото барање за продолжување на мандатот е одбиено од моја страна.

– Во 2019 година во МНР се добиени првите индиции дека ќе се води истрага за постапки на односните вработени, меѓу кои и за овој дипломат. Но, во тоа време немаше никаква информација за потерница и секако немаше пресуда. Сепак, МНР имајќи ја предвид истрагата и токму врз основа на овие индиции, не дозволи овие лица да бидат упатени на служба во странство. МНР за најавената истрага написмено ги информираше безбедносните служби, кои меѓу другото се надлежни и за безбедносни сертификати и проверки.

– Согласно Законот, на дипломати во МНР не може да им биде поништена дипломатска патна исправа, освен при одземање на безбедносен сертификат што е во надлежност на друга институција, односно престанок на работниот однос.

– Потерницата од Интерпол е распишана во февруари 2020 год., долг период по враќањето на дипломатот од Виена и за тоа не е доставена информација до МНР во времето додека бев таму на должност.

– Како и зошто сега бил упатен на служба токму тој дипломат и тоа во Мисијата при ОБСЕ, немам информации.

Од изнесениве факти, јасно се гледа дека за време на мојата должност во МНР, службите постапиле законски и во рамки на своите надлежности. Меѓу другото, токму јас го имам искористено дискреционото право да не го испратам овој дипломат на служба, имајќи ја предвид неизвесноста околу истрагата, напиша Димитров.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This