April 19, 2024, 11:05 am

Се oглacиja cинoвитe нa Мијалкови: „Ниe двajцa двoeвмe двe гpyпи и ce oбидyвaвмe дa ja cмиpимe cитyaциjaтa“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синовите на браќата Сашо и Владо Мијалкови се огласија по пишувањата во медиумите дека биле уапсени поради тепачка во скопски бар. Велат дека тие двоеле две групи кои се степале меѓусебно.

-Во петокот вечерта со неколкумина пријатели бевме излезени во кафуле во Дебар Маало. Околу 20.45 часот еден од пријателите од нашето друштво имаше расправија со девојката, после која беше нападнат од неколкумина нејзини другари. Еден од нив, кој делуваше дека е под дејство на алкохол, извади и боксирач и удираше со него. Ние двајцата ги двоевме двете групи и се обидувавме да ја смириме ситуацијата за да не ескалира. Откако момчињата од двете групи излегоа надвор, лицето кое имаше боксирач продолжи да напаѓа, а ние се трудевме да спречиме некој да биде повреден. На жалост нашиот пријател се здоби со три расекотини на главата од боксирачот на тоа момче.Подоцна разбравме дека токму напаѓачот е тоа 19 годишно момче кој го пријавил настанот. После случката заминавме дома, нашиот пријател побара медицинска помош, велат во писменото соопштение.

Велат дека не биле приведени.

-Бевме повикани од полицијата за да дадеме исказ во врска со настанот и веднаш постапивме по поканата и кажавме што и како се случи. За жал, еден од нашите пријатели и во текот на вчерашниот ден продолжи да добива закани на мобилниот телефон. Исто така во текот на вчерашниот ден, Филип  беше нападнат од истата група на момчиња кои што со шипки и пендраци удираа по колата во која што седеше. Во полиција е пријавен и насилен напад врз Филип при што беше оштетено возилото во кое се наоѓаше. Се надеваме дека полицијата ќе го расчисти случајот, а со тоа ќе запрат и дезинформациите во јавноста, се вели во дописот од Александар и Филип Мијалкови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This