дома Русија Се ypна руски бomбapдер Су-24

Се ypна руски бomбapдер Су-24

Рускиот бомбардер Су-24 се урна во близина на градот Перм, објави прес-службата на Централниот воен округ. Пилотите се катапултираа.
„Пилотите се пронајдени, живи се, се пренесуваат во болница на преглед“, рекол информиран извор за Спутник.
Според прес -службата на Централниот воен округ, бомбрдерот бил испратен во фабриката за поправка на авиони за планирани поправки. Падна на 95 километри западно од Перм во шумско подрачје.
„Хеликоптерот на службата за пребарување и спасување беше испратен да ги евакуира пилотите од местото каде што слетаа. Авионот летал без оружје“, се наведува во соопштението.