СЗО бара од производителите да донираат 50 отсто од своите вакцини во Ковакс

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светската здравствена организација (СЗО) побара денеска од производителите на вакцини против коронавирус да донираат половина од сите вакцини кои ќе ги произведат оваа година во програмата Ковакс.

Преки механизмот Ковакс вакцините се доставуваат бесплатно до сиромашните земји и се прават напори да се обезбеди еднаква распределба на вакцините меѓу оние кои не можат да ги платат, но механизмот не успева да работи со максимална сила.

До 4 јуни, Ковакс испорача 80 милиони дози вакцини во 129 земји и територии, што е значително помалку од очекуваното.

Соочена со таа ситуација, Светската здравствена организација уште еднаш побара од богатите земји, кои веќе вакцинирале дел од нивната популација, да ги поделат вакцините.

СЗО исто така ги повика и фармацевтските компании да покажат солидарност.

Генералниот секретар на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус ги повика сите производители да му дадат приоритет на Ковакс за нови количества вакцини или да се обврзат да му дадат на располагање на Ковакс 50 отсто од нивното производство годинава.

– Нееднаквата вакцинација претставува закана за сите земји, не само за оние кои имаат недостаток на вакцини. Нееднаквата распределба овозможува вирусот да продолжи да се шири и го зголемува рисикот од појава на мутации кои ги прават вакцините помалку ефикасни, истакна Гебрејесус.

Програмата Ковакс е формирана од Алијансата за вакцини (Гави), СЗО и Коалицијата за иновации за подготовка за епидемии (Цепи) со цел да се борат против нееднаквиот пристап до антиковид имунизација, а преку таа програма се доставени бесплатни дози во 92 сиромашни земји и територии

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This