дома Европа СЗО бара поocтри мерки во европските земји

СЗО бара поocтри мерки во европските земји

Светската здравствена организација (СЗО) ги повика европските земји да сторат повеќе во спречување на ширењето на новиот сој на корона вирусот којшто за прв пат беше откриен во Велика Британија, јавува Би-би-си. Директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге рече дека потребни се поостри мерки за „израмнување на стрмната вертикална линија“ на зголемениот број на случаи во некои земји.

Тој додаде дека сега веќе 22 земји од Европа пријавиле оти имаат заболени лица на ковид-19 од новиот сој, оквалификувајќи го ова како „алармантна ситуација“.

Инаку, британските власти на крајот од декември лани излегоа со проценка дека новиот сој на корона вирусот се шири околу 70 отсто побрзо, но тоа не значи дека тој е и повеќе опасен за оние лица што ќе бидат инфицирани со него.